Српската православна црква го менува името

228

Официјалниот назив на Српската црква ќе биде Српска православна црква – Пеќка патријаршија, а процедурата за избор на патријарх ќе биде поедноставена и тој ќе се бира со тајно гласање со обврзно двотретинско мнозинство владици.

Досегашната пракса на „апостолска жрепка“, случаен избор на еден од три коверти со имиња на кандидатите, се укинува.

Тоа се најважните новини предвидени со предлогот за нов Устав на СПЦ, објави српскиот весник „Новости“.

Важна новина е и тоа што избраниот кандидат за поглавар ќе се нарекува Архиепископ пеќки, митрополит белградско карловачки и патријарх на српските и поморски држави, наведува весникот кој имал увид во текстот на уставот.

Според новиот устав на СПЦ, 13 епархии ќе станат митрополии, а новиот устав најверојатно ќе биде усвоен на седница на Светиот архиерејски собор во средината на мај.

Со промените се објаснуваат желбите да се зајакне врската со нејзиното историско средиште во Пеќката патријаршија, но и со Косово каде има дел на нејзина јурисдикција, наведува весникот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...