Ќе се преместува телото на диктаторот Франко

106

Шпанската Влада денеска усвои декрет со кој се овозможува преместување на посмртните останки на поранешниот диктатор Франсиско Франко од мавзолеј близу Мадрид.

Шпанската вицепремиерка Кармен Калво изрази увереност дека парламентот ќе ја подрржи одлуката и тоа, најверојатно, следниот месец.

Шпанската малцинска социјалистичка Влада сака да ги отстрани неговите посмртни останки од мавзолејот, со цел тоа да биде место за сеќавање на граѓанската војна, а не величање на диктатурата.

Во мавзолејот „Долина на паднатите“ се наоѓа базилика и крст висок 150 метри, кој го изградиле воени заробеници, а го отворил самиот Франко во 1959 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...