Анкета: Околу 60 проценти од Американците не се согласуваат со политиката на Трамп

492

Претседателот на САД, Доналд Трамп продолжува да добива лоши оценки од мнозинството Американци кога станува збор за неговиот целокупен ангажман, иако доби релативно добра оценка за економската политика, покажуваат резултатите од најновата анкета на Асошиејтед прес и НОРЦ Центарот за истражување на јавните прашања.

Според анкетата, околу 60 проценти од Американците не ја одобруваат неговата работа како претседател, а само 38 отсто се оптимисти.

Трамп најдобра оценка од јавноста доби за начинот на кој раководи со економијата, при што доби поддршка од 51 процент од испитаниците.

Една третина од Американците изјавија дека го одобруваат учеството на Трамп во истрагата на Роберт Малер за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година.

Но, испитаниците не ја одобруваат политиката на Трамп за имиграцијата и за здравствената заштита. Само 38 проценти од испитаниците се согласуваат со политиката на претседателот за имигрантите, додека 36 отсто од Американците го одобруваат неговото дејствување во областа на здравствената заштита.

Иако граѓаните се претежно песимистични за надворешната политика, при што Трамп има поддршка од само 36 проценти, Американците се пооптимистични за политиката кон Северна Кореја, каде претседателот има поддршка од 47 отсто од испитаниците.

Резултатите покажува и дека мнозинството Американци (62 проценти) оцениле дека САД се движат во погрешен правец, а само 38 отсто се изјасниле дека земјата е на вистинскиот пат.

Анкетата е спроведена од 16 до 20 август, при што учествувале 1.055 возрасни граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...