Евтината тарифа за струјата ќе ја има и по 1 јануари

Според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика домаќинствата имаат специфична потрошувачка на електрична енергија која е претежно во текот на денот и додаде дека верува оти снабдувачите ќе успеат да дадат соодветни понуди за да бидат атрактивни за нив.

66

На регулираниот пазар на електрична енергија и по либерализацијата има потреба од евтина тарифа, оцени денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски.

Според него, тоа не значи прекршување на правилата на Енергетската заедница.

– На регулираниот пазар на електрична енергија евтината тарифа ќе остане и по либерализацијата на 1 јануари идната година. На слободниот пазар оставаме на сите снабдувачи на нивната инвентивност да подготват соодветни понуди пред се за домаќинствата –  изјави Бислимовски пред почетокот на денешната подготвителна седница на РКЕ.

Тој посочи дека домаќинствата имаат специфична потрошувачка на електрична енергија која е претежно во текот на денот и додаде дека верува оти снабдувачите ќе успеат да дадат соодветни понуди за да бидат атрактивни за нив.

– Очекувањата се дека цената на струјата за домаќинствата по 1 јануари ќе биде пониска на регулираниот отколку на слободниот пазар. Сакаме со евтината тарифа да направиме притисок врз снабдувачите на слободниот пазар да почнат да нудат пониска цена за домаќинствата – потенцира Бислимовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...