Убиецот на Џон Ленон останува во затвор

На Марк Дејвид Чепмен (63), човекот кој го уби Џон Ленон во Њујорк Сити во декември 1980 година, повторно, по десетти пат, му беше одбиено барањето за условно ослободување.

288

На Марк Дејвид Чепмен (63), човекот кој го уби Џон Ленон во Њујорк Сити во декември 1980 година, повторно, по десетти пат, му беше одбиено барањето за условно ослободување. Одлуката ја донел државен одбор од три лица.

– Одборот утврди дека вашето ослободување ќе биде некомпатибилно со благосостојбата и безбедноста на општеството – посочил државниот одбор за помилување на Чепмен во писмото.

Изјавата на одборот за одбивање на условен отпуст е слична со онаа што одборот му ја даде на Чепман кога беше отфрлено неговото последно барање во 2016 година и речиси идентична причина беше псочена и во 2014 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...