Фронтменот на „Аеросмит“, Стивен Тајлер, повторно побара од претседателот на САД, Доналд Трамп, да престане да пушта песни од бендот на митинзи. Адвокатот на Тајлер испратил писмо до Трамп, еден ден откако на митинг во Западна Вирџинија била пуштена песната „Livin’ On The Edge”.
Ова не е првпат Тајлер да бара од Трамп да престане со користење на песни од „Аеросмит“. Во 2015 година Трамп го сторил тоа двапати.
Во најновата порака на адвокатот било наведено дека по пат на музика Трамп „лажно имплицира дека неговиот клиент ја поддржува кампањата и/или претседателството на Трамп“. Тајлер на Твитер навел дека не се работи за политика, туку дека само сака неговите песни да не се користат без дозвола. Немало коментар од Белата куќа.