Меркел: ЕУ и НАТО не се непријатели на Русија

- Интеграцијата на Грузија во НАТО подразбира имплементација на договореното на самитот на НАТО - рече Меркел

57

Европската унија и НАТО не се непријатели на Русија, рече германската канцеларка Ангела Меркел за време на состанокот со студентите од Грузискиот државен универзитет во Тбилиси.

– Русија е важна земја и Германија сака да има добри односи со неа. Европа и Русија ефикасно соработуваат и учат едни од други, па затоа сакам да истакнам дека ЕУ и НАТО не се непријатели на Русија – рече Меркел.

Таа додаде дека го поддржува влезот на Грузија во НАТО, но, таа земја најверојатно нема наскоро да и се приклучи на Алијансата.

– Интеграцијата на Грузија во НАТО подразбира имплементација на договореното на самитот на НАТО – рече Меркел, додавајќи дека го поздравува активното учество во мировната мисија во Авганистан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...