Јужнокорејскиот Висок суд ја продолжи затворската казна на поранешната претседателка Парк Геун Хје (66) на 25 години и парична казна од 17,8 милиони долари поради корупција и злоупотреба на службената положба.
Судот соопшти дека Парк има недела дена да вложи жалба на таа пресуда.
Во април Окружен суд ја осуди Парк на 24 години затвор и 16, 8 милиони долари поради давање мито, изнуда, злоупотреба на службената должност и други обвиненија.
Пресудата е донесена година дена откако беше симната од власт, а по повеќемесечни протести поради корупциски скандал поради кој беа уапсени уште неколку јужнокорејски официјални лица.