Анкета: Швеѓаните и Данците повеќе се за „нордиска унија“ отколку за ЕУ

Повеќе од половина од Норвежаните (52 отсто) смета дека нивната земја треба да остане во тековното партнерство со ЕУ.

123

Значителен дел од граѓаните на Шведска и Данска повеќе би сакале да бидат дел од „нордиската унија” отколку во Европската унија, покажа новото истражување.

Членките на „нордиска унија” би биле Шведска, Данска, Норвешка, Финска и Исланд.

Истражуваето Сентио за норвешкиот весник Калсекампен опфати околу илјада луѓе од Шведска, Данска и Норвешка.

На граѓаните им било поставено прашањето за кој вид на партнерство – сегашната ситуација, во која Шведска и Данска се во ЕУ, Норвешка во Европската економска област или за нова „нордиска унија” со заеднички политики во многу области. Се покажало дека 47 проценти од Швеѓаните и 45 отсто Данци предност и дава на „нордиската унија”, додека за ЕУ се изјасниле само 32 проценти, односно 36 отсто. Другите одговориле дека не знаат.

На испитаниците во Норвешка им е понудена и трета опција, бидејќи тие не се членки на ЕУ. Повеќе од половина од Норвежаните (52 отсто) смета дека нивната земја треба да остане во тековното партнерство со ЕУ, 31 проценти се за „нордиска унија”, а само 10 проценти за членство во ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...