Ранет полицаец во Москва, убиен напаѓачот

73

Вооружен маж отвори синоќа оган врз полицајци во центарот на Москва, и притоа рани еден полицаец.

Според рускиот Истражен комитет, „маж отворил без причина оган врз полицајци кои биле на служба и минувале крај него во близина на Министерството за надворешни работи“.

Полицајците одгвориле на огнот, го раниле напаѓачот кој починал од повредите во болница. Нападнатите полицајци се дел од полк на специјалните сили кои се задолжени за обебзедување на странски дипломатски мисии во Русија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...