Меркел ја почна кавкаската турнеја со посета на Грузија

76

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска во Тбилиси дека се уште не одлучила кого да номинира за следен претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), и додаде дека разговорите за тоа прашање само што започнале.

– Дискусиите за персонални решенија, кои треба да бидат донесени во врска со изборите на нов Европски парламент, во моментов полека почнуваа – рече Меркел на прес-конференција во грузиската престолнина, каде е во посета.

На заедничката прес-конференција со германската канцеларка, грузискиот премиер Мамука Бахтаѕе рече дека посетата на Меркел ја крева на повисоко ниво билатералната соработка.

– Германија е силен поддржувач на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија во меѓународно признатите граници и на процесот на европска и евроатланска интеграција на земјата – истакна тој.

Меркел соопшти дека претставници на Германија и Грузија ќе потпишат документи за соработка во вредност 390 милиони евра, пренесува БТА. Соработката опфаќа градежништво, складишта за гас, помош за водоснабдување и канализација, додаде таа.

Подоцна денеска, германската канцеларка, чие пристигнување во Тбилиси беше пренесувано во живо на неколку телевизиски канали, ќе се сретне и со претседателот еорги Маргвелашвили.
За утре е закажана средба на Меркел со раководители на опозициски партии, студенти и професори од Универзитетот во Тбилиси.

Подоцна, во текот на утрешниот ден, Меркел ќе замине во посета на ерменската престолнина Ереван.

Фото: EPA/LELI BLAGONRAVOVA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...