Дејан Жидан избран за претседател на словенечкиот парламент

75

Лидерот на социјалдемократите, Дејан Жидан, кој беше вицепремиер и министер за земјоделство на Словенија од 2014 до 2018 година, денеска беше избран за претседател на словенечкиот парламент.

Неговата кандидатура беше поддржана од 49 од 90 пратеници.

– Ќе сторам сѐ за повторно да се подигне авторитетот на пратениците и парламентот – рече Жидан. Тој истакна дека тоа е неопходно за зајакнување на демократијата во Словенија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...