На тинејџерката Тимија Лендерс (12) ѝ изгорело 49 отсто од телото откако го прифатила морничавиот предизвик кој се шири меѓу младите на интернет.
„Огнениот предизвик“ ги повикува децата да се полеат со запалива течност, а потоа да се запалат.
Тимија Лендерс и нејзините две другарки го направиле тоа во петокот минатата недела во нејзината куќа во Детроит.
Нејзината мајка Бренди Овенс им направила палачинки и отишла да се одмори. Одеднаш се слушнала експлозија.
– Тимија трчаше по ходникот и беше во пламен од колената до косата – раскажала мајката.
Тимија била итно однесена во болница. Изгорениците биле толку тешки така што лекарите морале целата да ја стават во гипс.
„Огнениот предизвик“ е лансиран во 2012 година, каде јутјуберот 1BlazinEagle1 поставил видео во кое ги запалил влакната на своите гради. До 2014 година собрал повеќе од 100.000 прегледи и ги поттикнал другите да го имитираат.
ФОТО; Јутјуб