Бившата го испрати Бен Афлек на рехабилитација

231

Оскаровецот Бен Афлек, кој долги години се бори со алкохолизам, повторно бил на рехабилитација.

Пријатели на актерот за „Пејџ сикс“ раскажале дека тој имал тежок период откако раскинал со девојката, Линдси Шукус.

Според информации на „ТМЗ“, Бен Афлек наводно бил забележан како влегува во установа за рехабилитација, по интервенција на неговата поранешна сопруга, Џенифер Гарнер, која претходно го молела да побара помош.

Наводно на Афлек не му требало многу убедување, па тој заедно со Гарнер, жената со која се раздели во 2015 година по 10 години брак, заедно заминале во центарот за рехабилитација. Нивниот развод се уште не е финализиран пред судот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...