Воведување воен рок ќе ја чини Србија 700 милиони евра

Во Министерството за одбрана потврдија дека почна изработка на студија за сите модалитети и можности на враќање на задолжителната војска.

132

Според најновите проценки, воведување задолжителен воен рок во Србија од 2020 или 2021 година, што државата на големо го разгледува, би чинело 700 милиони евра.

И претседателот на Србија при најавувањето на оваа новина го нагласи економскиот аспект. Тој рече дека државата го разгледува воведувањето на задолжителен воен рок за три или шест месеци, во зависност од анализата и проценката на Министерството за одбрана и расположливите финансиски средства.

Во Министерството за одбрана потврдија дека почна изработка на студија за сите модалитети и можности на враќање на задолжителната војска.

Најновите анализи донесоа вртоглави бројки, истакнуваат од Белградскиот центар за безбедносна политика.

– Во текот на мандатот на претходниот министер за одбрана направена е интерна анализа која покажа дека само во првата година на повторното воведување на воениот рок би чинело тогашни 70 милијарди динари, односно 0,7 милијарди евра, колку што изнесува целиот овогодишен буџет на Министерството за одбрана. За споредба, воениот буџет на Австрија, во која постои обврска за задолжително служење на воен рок, за 2018 година изнесува 2,4 милијарди евра, нагласува Марија Игњатијевиќ од БЦБП.

Според неа, во тој случај е јасно дека воведувањето на воен рок е тешко изводливо во блиска иднина.

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...