Трамп побарал од Помпео анализа на ситуацијата во Јужна Африка каде се конфискува земја и има убиства на фармери

130

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека побарал од државниот секретар Мајк Помпео да ја следи ситуацијата во Република Јужна Африка во врска со конфискацијата на земја и убиствата на фармери.

– Побарав од државниот секретар Помпео внимателно да се анализира конфискацијата на земја и фарми во Јужна Африка и масовните убиства на фармери, напиша Трамп на Твитер.

На 1 август претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамапоса објави дека владејачката партија Африкански национален конгрес подготвува промени во Уставот за да може да се експропира земја без плаќање обештетување. Белците и понатаму поседуваат најголем дел од земјата во државата и по две децении по крајот на апартхејдот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...