НАТО денеска ги отфрли сугестиите на рускиот претседател Владимир Путин дека силите на Алијансата во источна Европа претставуваат закана по Русија.
– Акциите на НАТО се одбранбени, пропорционални и целосно во согласност со нашите меѓународни обврски. НАТО распореди 4.000 војници во источниот дел на Алијансата – со цел да обесхрабри можна агресија. Наспроти тоа, Русија има војска во Украина, Грузија и Молдавија спротивно на желбите на нивните влади – изјави портпаролката на НАТО Оана Лунгеску.
Претседателот на Русија денеска изјави дека НАТО ја придвижува својата воена инфраструктура поблиску до руските граници, поради што Москва како одговор на тоа треба да ја зајакне сопствената инфраструктура.