Белгија:  Две жени убиени и неколку повредени во напад со нож во ресторан

262

Две жени се убиени, а неколку лица се повредени во напад со нож во Белгија.

Непознато лице со нож ги нападнало гостите во ресторанот „Ле Рамиер“ во белгискиот град Мореснет. Британски „Мирор“ пренесува дека починале две жени, како и дека во квартот во кој се случил нападот околу 17 часот распоредени се специјални полициски сили, а местото го надлетува и хеликоптер.

Градоначалникот на округот, Тјери Вимер, изјавил дека дошло до трагедија, но дека не станува збор за терористички чин. Тој рекол дека нападот бил предизвикан од приватни причини и дека нема опаснст за нацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...