Повеќе од 60.000 руски војници се бореле во Сирија

183

Руската армија денеска соопшти дека десетици илјади нејзини војници се бореле во сириската војна.

Министерството за одбрана соопшти дека повеќе од 63.000 руски војници се бореле во Сирија, вклучувајќи 434 генерали, како и дека повеќе од 90 отсто од руските воени пилоти учествувале во мисиите во Сирија.

Руската армија ги искористила тие операции за да тестира некои од најнапредните оружја, вклучувајќи и авиони-ловци и крстосувачките ракети.

Русија од 2015 година воено интервенира во Сирија на страната на претседателот Башар ал Асад, во обид да помогне да се ослободат поголеми делови од територијата што дотогаш ги контролираа екстремистите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...