Путин гаи надежи во финското претседателство со ЕУ

90

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека очекува идното финско претседателство со ЕУ да помогне во подобрување на односите меѓу Русија и Европа.

– Финска наскоро ќе застане на чело на Европската унија, во втората половина на 2019 година. Очекувам дека финското претседателство ќе успее да постигне нешто позитивно, со цел да ја врати нормалната состојба на односите меѓу Русија и ЕУ -рече Путин, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со финскиот претседател Саули Нинисто.

Фото: EPA/ALEXEY NIKOLSKY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...