Харадинај побара да се обележи границата со Србија

55

Претседателот на Владата на Косово Рамуш Харадинај информира дека побарал од Државната комисија за надзор врз границата да започне со работа за обележување на границата со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Косовскиот премиер на прес-конференција денеска рече дека веднаш по ратификацијата на договорот за демаркација со Црна Гора, пред шест месеци, побарал од Комисијата и нејзиниот претседател Шпејтим Булиќи да започне со работа на обележувањето на границата со Србија.

– Господинот Булиќи и другите колеги ги знаат мошне добро границите и верувам дека нема потешкотии за обележување на границата меѓу Косово и Сртбија (…) Нема спорна ситуација на границата меѓу двете држави, бидејќи таа граница веќе постои – рече Харадинај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...