Кремљ ги отфрли обвинувањата од Фејсбук за манипулации

40

Официјален Кремљ денеска ги отфрли обвиненијата на Фејсбук дека Руската воена разузнавачка служба (ГРУ) ја користела социјалната мрежа за водење на дезинформативна кампања.

Фејсбук, Твитер и Алфабет колективно избришаа повеќе стотина налози поврзани со вчерашните наводни пропагандни операции во Иран, а Фејсбук соопшти дека другата пропагандна кампања е поврзана со Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека тврдењето на Фејсбук за Русија нема никаква смисла за официјална Москва и оти наликува на неосновани тврдања кои прозилегле од други избори, како што е Мајкрософт.

– Сите тие се обидуваат да се надминат едни со други во соопштенијата кои изгледаат како копии. Не постои никакво објаснување што ги поддржува таквите тврдења и не разбираме на што се засновани – посочи Песков.

Претходно, Фејсбук соопшти дека идентификува и забрани стотици лажни профили, групи и страници што се вклучени во кампањата за координирано политичко влијание и имаат за цел влијание врз политика.

Компанијата соопшти дека се избришани 652 страници, групи и профили што се поврзани со Иран и со Русија поради „координирано неавтентично однесување“ што подразбира споделување политички материјал.

Твитер исто така објави дека избришал 284 профили поради „координирани манипулации“ од кои многу очигледно се од Иран.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...