Владата ќе потроши 670 илјади евра за цвеќе

Во огласот, Владата бара целосно одржување на садниците и обновување, технички кадар, минимални типови на опрема, материјални средства на одржување.

823

Владата распиша тендер за хортикултурно одржување и уредување на објектите на државната управа.

Според огласот на Службата за општи и заеднички работи, објавен на Бирото за јавни набавки, проценетата вредност на набавката е околу 670 илјади евра.

Во огласот, Владата бара целосно одржување на садниците и обновување, технички кадар, минимални типови на опрема, материјални средства на одржување.

Услови за кандидатите што ќе се пријават на огласот е да имаат минимум 7 милиони денари вкупни приходи во последните три години (2015, 2016 и 2017 година).

Главен критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...