Колку знаете за здравата исхрана?

Светската дебелина речиси тројно е зголемена од 1975 година, а со тоа порасна и појавата на срцевите заболувања, ракот и дијабетесот. Затоа, Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО) ФАО ја истакнува важноста на упатствата за исхрана кои повеќе од 100 земји ширум светот, вклучително и Македонија, ги имаат развиено, со препораки за здрава исхрана на нивното население.

578

Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (англ. Food and Agriculture Organization of the United Nations) или скратено ФАО е основана во 1945 година како организација на ОН за борба против гладот. Целта на ФАО е да биде извор на информации и знаење за производството на храна и за исхраната. ФАО помага на посиромашните земји да го модернизираат земјоделството, шумарството и рибарството и да обезбедат здрава исхрана за сите.

ФАО ги поддржува земјите во развојот, ревизијата и спроведувањето на нивните упатства за исхрана. Служејќи како основа за политиките за исхрана и образовните програми, упатствата за исхрана им помагаат на луѓето да постигнат здрави навики за јадење и начин на живот.

Веб-страницата на ФАО содржи најсеопфатна компилација на упатства за исхраната низ целиот свет.

Диетите варираат од место до место врз основа на достапностa на храната, навиките во исхраната и културата. Сепак, кога станува збор за храна, има многу нешта што ги знаеме за тоа што е, а што не е добро за нас и ова е точно, без оглед каде живееме.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...