Владата анализира за национален авиопревозник, а ќе субвенционира и авиокомпании

Владата на денешната седница ги усвои Уредба за начинот и критериумите со кои ќе доделува субвенции на авиокомпании за евтини авиолинии, како и Програма за определување финансии за таа намена за периодот од 2019 до 2021 година.

306

Има можност за воспоставување национален авиопревозник, покажува првичната анализа на Министерството за транспорт и врски. Моментално анализата се врши во рамки на институцијата, а подоцна ќе биде ангажиран и консултант.

– Воспоставување на национален авиопревозник не е исклучено од целата постапка што се води за обезбедување авио превоз. Сега се анализираат можностите за обновување на постапката во рами на министерството – рече Светлана Глигоровска од Министерството за транспорт и врски на денешната прес-конфернеција.

Таа информира дека во подоцнежната фаза ќе биде вклучен и консултант и ќе биде подготвена физибилити студија.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески информира дека Владата на денешната седница ги усвои Уредба за начинот и критериумите со кои ќе доделува субвенции на авиокомпании за евтини авиолинии, како и Програма за определување финансии за таа намена за периодот од 2019 до 2021 година.

– По нејзино објавување во Службен весник по неколку дена ќе се формира комисија за евалуација и ќе биде распишан јавен повик за финансиска поддршка на авиокомпаниите – рече Сугарески.

Тој апелираше авиокомпаниите да се јават на конкурост кој ќе биде објавен набрзо.

Со новата уредба, како што рече Сугарески, се определуваат новите критериуми .

– До 10 јануари 2019 година авиопревозникот ќе треба да воспостави база со најмалку еден авион, да започне со оперирање на две нови денистации од Скопје и четири нови од Охрид. Секоја нова дестинација за Охрид да не биде опслужувања со редован авиопревозник два години наназад … појасни – изјави Сугарески.

Сугарески потенцираше дека на анимирање на авиопревозниците се работи пред да се објават повиците со директни средби со претставници на авиокомпаниите, но тие нама да бидат

Тој , како што рече, не ја исклучва можноста да се воспостават и прекуокеански авиолинии.

– Но тоа ќе зависи од авиокомпаниите – рече Сугарески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...