Скандалозно однесување на ќерката на Орбан, фрла ѓубре каде ќе ѝ текне (ФОТО)

Унгарските медиуми објавија фотографии од Рахел како фрла валкана пелена на тревата покрај патот.

976

Ќерката на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Рахел е снимена како во Хрватска фрла ѓубре покрај патот. Унгарските медиуми објавија фотографии од Рахел како фрла валкана пелена на тревата покрај патот.

Унгарските медиуми ги објавиле фотографии за срамното однесување на ќерката на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Рахел.

Како што се наведува, Рахел Орбан со семејството била на летување во Хрватска. Една сограѓанка ја сретнала на бензинска станица, заедно со сопругот Иштван и нивното дете.

“Татко ти не те научил да се однесуваш”, дофрлила една жена.

Рахел, која инаку е во поодмината бременост, очигледно не ја загрижиле овие зборови и си заминала од местото на настанот.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...