Кои работници земаат најниска плата во земјава?

Според податоците на Државниот завод за статистика највисок просек на плата во јуни е исплатена на компјутерските програмери која изнесувала  56.587 денари.

749

Просечната плата на вработените во рибарството во јуни изнесувала изнесувала 12.656 денари и била само за 491 денар повисока од државната минимална плата утврдена за годинава на ниво од 12.165 денари. Ови работници, според податоците на  Државниот завод за статистика, зеле најниска плата во земјава.

На листата најниски плати втори се вработените во заштитните и истражните дености. Просекот на плата зремена во јуни во овој сектор изнесува 12 892 денари.

Меѓу најниско платените работници се и ра отниците во кожарскиот и текстилниот сектор. Просекот на плата што во јуни го зеле кожарските работници изнесува 14.962 денари, а на вработените во текстилната индустрија кој произведува облека 15.745 денари.

На листата на најниски плати се наоѓа и угостителството со просечна плата од 15.294 денари.

Најблиску до македонкиот просек од плата кој во јуни изнесувал 24.203 денари биле платите на вработените во секторите: спорт забава и рекреативни дејности со просек од 24 .985 денари, архитектонски дејности и инженерство; техничко испитување и анализа со просек од 24. 831 и емитување на програма 24.133

Според податоците на Државниот завод за статистика највисок просек на плата во јуни е исплатена на компјутерските програмери која изнесувала  56.587 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...