Граѓаните сѐ повеќе се задолжуваат кај банките

Вкупните кредити во јули се зголемиле за 0,4 отсто.На годишно ниво, растот на кредитите изнесува 6,2 отсто и во поголем дел (76,3 отсто) е резултат на кредитирањето на „домаќинствата“.

478

Граѓаните во јули го зголемиле својот долг кај банките преку кредити, но затоа пак компаниите во текот на овој месец  ја намалиле потребата од земање кредити, покажуваат последните податоци на Народната банка за монетарни движења во јули 2018 година.

Вкупните кредити во јули се зголемиле за 0,4 отсто.На годишно ниво, растот на кредитите изнесува 6,2 отсто и во поголем дел (76,3 отсто) е резултат на кредитирањето на „домаќинствата“.

Кредитите на корпоративниот сектор забележаа месечен пад од 0,4 отсто во јули.

Од НБРМ наведуваат дека во услови на раст на кредитите во странска валута, месечната промена во целост се објаснува со намаленото кредитирање на корпоративниот сектор во денари.

„На годишна основа, бележиме раст на кредитната активност од 2,7 отсто која се должи на зголеменото кредитирање во денари, во услови на намалено кредитирање во странска валута“, соопшти НБРМ.

Вкупните кредити на домаќинствата во јули остварија месечен и годишен раст од 1,1 отсто. Притоа, месечниот и годишен раст на кредитирањето на домаќинствата во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари (учество во растот од 67,3 отсто.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во јули кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити е регистриран месечен раст од 1,3 отсто односно 1,5 отсто, при годишен раст од 11,2 отсто односно 16 отсто.

Во јули, кај автомобилските кредити е евидентирано месечно намалување од 0,5 отсто, во услови на годишен раст од 0,7 отсто.

Овој месец кредитите одобрени на кредитни картички не остварија промена на месечна основа, додека на годишна основа бележат намалување од еден отсто.

Во јули, кај негативните салда на тековните сметки е остварен месечен и годишен раст од 0,4 отсто, додека кај кредитите одобрени врз други основи е регистрирано месечно и годишно намалување од 0,1 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...