Изградбата на пругата Куманово-Бељаковце на владина седница

Според најавата од владината прес-служба, на седницата ќе биде разгледана и информација за потребата од склучување договор за грант меѓу Република Македонија и Соединетите американски држави - САД за развојната цел: „Република Македонија како просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество“.

135
pruga

Владата денеска на седница треба да расправа за состојбата на проектот за рехабилитација на железничката делница Куманово-Бељаковце на Коридорот 8, која ќе ја презентира ЈП Македонски Железници Инфраструктура.

Директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Ирфан Асани неодамна изјави дека рокот за изградба на пругата Куманово-Бељаковце се пролонгира за 18 месеци и се очекува да биде готова до крајот на следната година. Таа е прва од трите делници за железничкото поврзување со Бугарија и досега од вкупно проектираните 31 километар, целосно се завршени осум километри.

Според најавата од владината прес-служба, на седницата ќе биде разгледана и информација за потребата од склучување договор за грант меѓу Република Македонија и Соединетите американски држави – САД за развојната цел: „Република Македонија како просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество“.

На предлог на Министерство за надворешни работи, на дневен ред на владината седница е Информацијата за потпишување Договор меѓу Генералниот секретар на Обединетите нации и Владата на Република Македонија: Обврска да се елиминира сексуалната експлоатација и злоупотреба, а Министерството за внатрешни работи ќе го претстави извештајот за извршените преговори со усогласен текст на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи.

На 84. седница на Владата треба да бидат усвоени две предлог-одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Организацијата на Обединетите Нации „УНИФИЛ“, во Либан и за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

Владиниот кабинет ќе расправа и за информациите за задолжување на Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ – Скопје, со државна гаранција кон меѓународна кредитна институција, за Проектот Набавка на КПГ автобуси, како и Информацијата за акцискиот план за вработување млади лица, 2016 – 2020, предлог на Државниот завод за статистика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...