Американската администрација планира утре да ја претстави спогодбата со Мексико што беше постигната за измени во трговскиот договор НАФТА.
Според Политико, САД и Мексико постигнале начелен договор, по што се очекува да се побара приклучување и на Канада кон тој договор.
Претседателот на САД Доналд Трамп во текот на својата кампања најавуваше сериозни промени во НАФТА, а доколку не дојде до нив, напуштање на договорот со кој се регулира трговијата меѓу САД, Мексико и Канада и со кој северно-американскиот континент стана една од најголемите трговски зони во светот.
НАФТА стапи на сила во 1994 година, а американските синдикати го обвинуваат договорот за префрлање на работни места во Мексико.