Поранешниот соработник на Трамп, Пол Манафорт виновен по осум точки од обвинение

Пол Манафорт прогласен е за виновен по осум точки од обвинението за даночна и банкарска измама и непријавување банкарски сметки во странство.

92
Photo: EPA-EFE / JIM LO SCALZO

Поранешниот шеф на изборната кампања на претседателот на САД, Доналд Трамп, Пол Манафорт прогласен е за виновен по осум точки од обвинението за даночна и банкарска измама и непријавување банкарски сметки во странство. Поротата не успеа да постигне консензус за останатите 10 точки од обвинението.

Порототата го прогласи Мамафорт за виновен за две од девет обвинувања за банкарска измама, сите пет обвиненија за даночна измама и една од четири обвиненија за непријавување сметки во странство.

Судијата прогласи дека судењето не е валидно за 10 точки од обвинението во поглед на кои поротата не можеше да постигне консензус.

Судењето на Манафорт, долгогодишен републикански оперативец, е прво што е одржано во рамки на истрага за руското мешање во американските претседтаелски избори во 2016 година што ја води специјалниот обвинител Роберт Малер.

Обвинувањата за Манафорт воглавно се однесуваат за период пред да работи во кампањата на Трамп.

Обвинителите го обвинија дека од американските даночни служби скрил 16 милиони долари заработени како политички советник на проруски политичари во Украина и потоа лажел банки за да обезбеди кредит од 20 милиони долари откако му пресушил изворот на приходи од Украина.

Трамп се обиде да се дистанцира од Манафорт по пресудата нагласувајќи дека сето тоа нема врска со него.

– Се чувствувам многу лошо поради Пол Манафорт. Јас во тоа не сум вмешан – се правда американскиот претседател.

ФОТО: EPA-EFEJIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...