Во авионот со 16 патници на кој му пукнаа гумите при полетувањето на аеродромот „Титеборо“ во американската држава Њу Џерси, се наоѓаа и две музички ѕвезди.
Мала група обожувачи на раперот Поуст Малон и музичарот Ендрју Ват се собрале на аеродромот Вестфилд во Масачусетс надевајчи се дека ќе го видат присилното слетување на авионот.
Регионалниот менаџер на аеродромот рекол дека малиот авион кој имал проблеми при полетувањето е преусмерен на аеродромот кој се наоѓа околу 112 километри од Њујорк.