Рјабков: Русија ќе одговори на санкциите од САД

93

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, денеска изјави дека новите американски санкции против Русија се неосновани и дека Москва соодветно ќе одговори..

САД воведоа санкции за наводите за хакирање и поради незаконско испорака на нафтени продукти во Северна Кореја.

Американскиот Секретаријат за финансии денеска најави санкции против две руски компании кои тргувале со Северна Кореја и и доставувале нафта на комунистичката држава која е под американски санкции.

Двете компании, Приморје Меритајм Логистикс и Гудзон Шипинг, се регистрирани во руското далекуисточно пристаниште Владивосток. Според Вашингтон, тие им помагале на Севернокорејците да набават нафта и покрај американските санкции кои се воведени поради развојот на нуклеарно оружје од страна на Северна Кореја. Американските санкции значат дека двете руски компании нема да имаат пристап до американскиот пазар и ќе имаат потешкотии во пристапот до финансиските пазари, па дури и во патувањата на нивните директори.

САД најавија санкции и против двајца руски поединци, кои доставувале производи и услуги за компанијата Диветечносервис, која пак е на списокот на санкционирани руски компании затоа што е подизведувач за руската безбедносна служба ФСБ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...