Расте просечната плата, во јули достигна 24.203 денари

Зголемувањеето е резултат на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „рударство и вадење на камен“ за 20,4 отсто, „информации и комуникации“ за 16,7 отсто и „преработувачка индустрија“ за 14,7 отсто.

88

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јуни 2018, изнесува 24.203 денари и бележи раст во однос на јуни лани од 6,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањеето е резултат на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „рударство и вадење на камен“ за 20,4 отсто, „информации и комуникации“ за 16,7 отсто и „преработувачка индустрија“ за 14,7 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите „финансиски дејности и дејности на осигурување“ за 14 отсто, „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ 11,3 отсто и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за три отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2018 изнесува 35.530 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...