Стјуардеса од авио компанијата „Бритиш ервејз“ е суспендирана од работа поради тоа што го направила на бизарната видеоснимка на која ги соблекува хулахопките и чевлите и потоа ги мириса. Потоа изведува стриптиз.
– Барем да можеш да ги помирисаш – вели стјуардесата во бизарното видео додека во рацете ги држи хулахопките и своите чевли во кои цел ден била облечена на работа.
– Значи, сакаш да ги помирисам? Па најпрво морам да ги соблечам – се само некои од речениците кои ги изговара стјуардесата во видеото додека го изведува стриптизот.
– Ги носев цел ден, без гаќички само за тебе – продолжува таа.
Пред да заврши видеото, стјуардесата започнува да ја откопчува кошулата и потоа вели:
„Барем да си тука до мене и да ме соблечеш до крај. Се гледаме за брзо…“.
Инаку, многумина се сомневаат дека стјуардесата продавала фустани, чевли или хулахопки, имајќи предвид дека тоа веќе долго време е тренд во светот, стјуардесите да ги продаваат своите парчиња облека на интернет.
Имено, на eBay и останатите слични сервиси на интернет можат да се пронајдат многу огласи преку кои стјуардесите ги продаваат своите хулахопки кои ги носеле за време на летот.