Венецуела брише пет нули од домашната валута

Банкарскиот систем се одесува како шампион, рече Мадуро во порака објавена синоќа на Фејсбук.

113

Новите банкноти на венецуелската валута боливар од вчера се во оптек, а шефот на државата Николас Мадуро проценува дека новата мерка е „100 отсто успешна”.

– Банкарскиот систем се одесува како шампион – рече Мадуро во порака објавена синоќа на Фејсбук.

Пуштањето на банкнотите на кои се избришани пет нули е дел од економскиот план за опоравување на економијата на Венецуела, земја од која милиони луѓе бегаат поради кризата.

Многу аналитичари не сметаат дека владиниот план за економско заздравување е одржлив.

Улиците во главниот град на Венецуела беа празни вчера, повеќето продавници беа затворени, а сообраќајот успорен.

Мадуро смета дека економската криза и хиперинфлацијата во неговата земја се должи на „економската војна”, која ја води венецуелската десница и САД за да соборат од власт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...