Почнува првата стрип колонија „Велес 2018“

291

Во Велес од утре до сабота ќе се одржи првата стрип колонија во Македонија.
Според организаторите, колонијата е еволутивен напредок во организирањето на традиционалниот стрип салон,кој секоја година се организира во Велес.

На првата стрип колонија учество ќе земат гости од Србија, Лесковац и Белград, потоа Црна Гора и се разбира автори од разни генерации од Македонија.
Нивна задача за време на престојот да нацртаат стрип , без оглед дали е претходно подготвен. Под будното око на специјалниот гостин Владимир Весовиќ од Белград тие ќе ги развваат своите способности. Стрип колонијата во Велес ќе се одвива во просториите на Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски.“

Нацртаните стрипови ќе бидат во конкуренција за првата награда на веќе објавениот интернационален стрип конкурс (рок 20 септември) а со тоа и објавување во ревиите „Стрип креатор“ и „Алманах“ ,како и традиционалната стрип изложба,во средината на месец октомври во Велес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...