Руската воздухопловна компанија МИГ развива МИГ- 41, нов борбен авион од петата генерација, изјавил извршниот директор на компанијата Илја Тарасенко за руската агенција ТАСС.
– Не, ова не е митски проект, ова е долгогодишен проект на МИГ и наскоро ќе го претставиме пред јавноста – рекол извршниот директор на МИГ.
МИГ-41 или ПАК ДП е пресретнувач кој ќе дојде на местото на МИГ-31.
Тарасенко изјавил дека експерименталната работа на најсовремениот руски пресретнувач ќе почне наскоро а неговата испорака на руските вооружени сили би требало да почне кон средината на 2020 година.
Засега не е познато колку ќе чини.