Турција се жали на американските царини пред СТО

75

Турција поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО) откако САД воведоа двојно повисоки царини за увозот на турски челик и алуминиум.

САД воведоа царини од 25 проценти за увозот на челик и 10 проценти за алуминиум за повеќето држави во светот, но по спорот околу апсењето на американскиот свештеник Ендрју Брансон во Турција, ги удвоија давачките за турските компании на 50 и 20 проценти. Во својата жалба, Турција ги обвинува САД дека со царините го нарушуваат принципот на слободна трговија.

Турција возврати на американските царини со воведување повисоки давачки за увозот на 22 американски производи, од автомобили до производи од тутун. Согласно правилата на СТО, Турција и САД имаат рок од 60 дена да ги надминат своите разлики преку преговори, а доколку не успеат, Светската организација може да го реши спорот место нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...