Роден без раце, работи како фризер (ВИДЕО)

Габриел Хередиа е роден без раце, но тоа не го спречи да го работи тоа што го сака - бербер.

115

Габриел Хередиа од Буенос Аирес е роден без раце и работи како фризер. Неговите лојални клиенти велат дека никој не може да го направи она што може тој.

Да се ​​биде роден и да се живее со одреден хендикеп е крајно тешко и ретко кој може да го разбере, освен ако не е во слична ситуација со него или со некој близок со него.

Од безобразни коментари на неговите врсници за време на школувањето до проблеми кои се јавуваат подоцна поради неможноста да се извршуваат одредени работи.

Габриел Хередиа е роден без раце, но тоа не го спречи да го работи тоа што го сака. Тој е еден од најпознатите фризери во Буенос Аирес, Аргентина.

Со оваа работа почнал да се бави бидејќи пораснал со неговата мајка која е фризерка. Сам почнал да потстрижува пред осум години користејќи ги алатите на мајка му.

Габриел вели дека ја зел машинката од љубопитност и едноставно почнал да потстрижува, што му се допаднало. Познатиот Аргентинец вели дека е благодарен што се родил со хендикеп, бидејќи себе не си поставува граници.

Тој ја има довербата на многу клиенти кои постојано доаѓаат кај него.

ФОТО: Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...