Ниту еден млад човек не сака да види коментар од родител на објава на социјалните мрежи, а кога се работи за познати шоу-бизнис личности, срамот е многу поголем.
Имено, ќерката на Алек Болдвин – моделот Ајрланд Бесинџер Болдвин на Инстаграм објави провокативна фотографија од себе во црно бикини на мотор.
– Не. Едноставно… не! – гласеше потоа коментарот на нејзиниот татко.
Инаку познато е дека популарниот холивудски заводник, и неговата ќерка од бракот со глумицата Ким Бесинџер, не се во најдобри односи.
ФОТО: Инстаграм