Во новата епидемија на ебола во Конго умреле 49 лица, а најмалку две илјади се под надзор на лекарите поради сомневање дека се заразени со опасниот вирус.
Епидемијата е прогласена на 1 август на северот на Конго, каде на почеток се заразени 90 лица.
Според новинските агенции, лекарите досега регистрирале две илјади лица кои биле во контакт со заразените, и се проверува дали и тие се разболени од таа тешка болест.
Од 1976 година наваму Конго имаше десет епидемии, а во претходната загинале 33 лица.
Најголемата епидемија на ебола која ја памети светот била во 2013 година кога умреле речиси 11.500 луѓе, и тоа најмногу во Гана, Сиера Леоне и во Либерија.