Извор: Иван Мирчевски, Канал 5
Почитуван колега Героски,
Одговорно тврдам дека јас ниту еднаш не сум разговарал со тебе на тема – партиски, владини реклами или слично.
Очигледно е дека Насер Селмани си води своја „војна“, со што почнува да навлегува на терен кој ниту му е познат, ниту пак му е јасно дека е „лизгав“ за него.
Како може Селмани, како прв „новинар“, да се меша во деловното работење на медиумите, а уште помалку користејќи погрешни премиси? Ниту статутот, ниту некој од УО на ЗНМ го овластил за тоа!
Не постои во Европа ниту еден единствен закон за медиуми кој на медиумите им забранува да емитуваат реклами на политички партии. Тоа е домен на законите за т.н. избори во мал број земји, како што е Велика Британија.
Но, тој истиот Селмани, повеќе од две години ја убедуваше јавноста дека во светкски рамки, нема или речиси минорни се т.н. владини кампањи во медимите, а само пред неколку дена, во дебата на Алфа ТВ, лично призна дека истите ги има.
И сега тој истиот Селмани, кој вели дека работи во портал, каде патем не е пријавен, грчевито, со последни напори, се бори порталите да не се регистрираат (а не да се регулираат, како што тој тоа го толкува) и директно дозволува, со чест на исклучоците, порталите да продолжат да работа во т.н. сива зона, под крајно сомнителни услови.
Селмани ги насочува своите напори кон оние , традиционалните медиуми , кои имаат влијание од околу 85 отсто , од кои 70 отсто отпаѓаат националните терестријални ТВ станици, и истиот тој Селмани „лобира” кај амбасадорите телевизиите да немаат право да приходуваат од партиските или други информативни кампањи.
Колеги од ЗНМ, време е да се запрашате, кој човек вас ве „води“?