Истражниот комитет на Русија соопштил дека го уапсил заменик директорот на Ракетно-космичката корпорација Енергија по обвинение за измама.
Комитетот навел дека заменик- генералниот директор на таа државна компанија Алексеј Белобородов е уапсен со двајца свои помошници, но нема други детали.
РКК Енергија произведува вселенски летала и нивни делови, вклучително и капсулата „Сојуз“ и леталото „Прогрес“ кои ги пренесуваат астронаутите и залихите до Меѓународната вселенска станица, пренесуваат агенциите.
Руската вселенска програма се соочи изминативе години со повеќе неуспешни лансирања, со корупциски скандали и други проблеми кои придонеле за пад на угледот на реската вселенска индустрија на меѓународниот пазар за лансирање на комнерцијални сателити.
За да ги реши проблемите во таа индустрија, Кремљ го смени раководството на вселенската агенција Роскосмос.