Силен земјотрес регистриран североисточно од Ломбок

74

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Индиски Океан, на 124 километри север-североисточно од индонезискиот остров Ломбок, јави Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од еден километар.

Не е издадено предупредување за појава на цунами.

Претходно во текот на денот беше регистриран земјотрес на Ломбок со интензитет од 6,3 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од 7,9 километри.

На почетокот од месецот Ломбок беше погоден од земјотрес при што загинаа најмалку 430 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...