Хилари Клинтон и Стивен Спилберг ќе копродуцираат телевизиска серија за правото на жените на глас, која го носи името „Часот на жената“.
– Фасцинирана сум од можноста да соработувам со Стивен Спилберг за телевизиската адаптација на книгата „The Woman’s Hour: The Great Fight to Win the Vote“ на писателката Елејн Вајс. Таа раскажува за жените кои се бореле за своето право на глас веќе 100 години. Ние застануваме во нивна одбрана и јас сум задоволна што можам да поддржам таков проект, напиша на Твитер поранешниот државен секретар на САД.