Бројот на жртвите од уривањето на надвозникот кај Џенова се искачи на 43

Денеска беа пронајдени и телата на деветгодишно девојче и нејзините родители во смачкан автомобил под урнатиот надвозник.

80

Телото на триесет годишен маж денеска е пронајдено под уранатините на надвозникот кај Џенова, а еден од повредените, што настрада во несреќата, почина во болница, со што бројот на жртвите од уривањето на мостот Моранди, се искачи на 43.

Како што јави МИА, претходно денеска беа пронајдени и телата на деветгодишно девојче и нејзините родители во смачкан автомобил под урнатиот надвозник.

Во Италија денеска е прогласен Ден на жалост.

Беше одржана литургија и погреб на жртвите.

На церемонијата присуствуваа претседателот и премиерот на Италија, Серџо Матарела и Џузепе Конте.

Надвозникот Моранди, дел од автопатот А10, се урна во вторникот.

Бетонскиот мост Моранди беше изграден во 1967 година, а реконструиран во 2016 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...