Австриска шефица на дипломатијата, Карин Кнајсел денеска го кажа судбоносното „да“ на бизнисменот Волфганг Мајлингер во романтична атмосфера, среде лозја и винарии во Штаерска.
На свадбата беа присутни првите луѓе на австриската влада , предводени од канцеларот Себастијан Курц.
Најголемо внимание предизвика рускиот претседател Владимир Путин, чие доаѓање на свадбата беше проблематизирано од некои од престставниците на ЕУ.
Поради важните гости, целиот регион беше прекриен со обезбедување. Путин, како свадбен подарок и донесе голем букет цвеќиња како и ансамбл со Козаци за забава на гостите .