Половина Раштак среде лето 26 часа без струја и вода!

Пред околу еден месец жителите на Раштак биле исклучени од напојување со струја цели 36 часа.

664

Половина од селото Раштак веќе 26 часа е без струја. Поради исклучената струја, жителите немаат и вода за пиење.

Тие му се обратија на порталот Плусинфо со оваа информација  и со барање јавноста да биде запознаена дека ова во селото не се случува прв пат и дека не веруваат во објаснувањето на ЕВН Македонија дека станувало збор за дефект. Пред околу еден месец жителите на Раштак биле исклучени од напојување со струја цели 36 часа.

Тие отворено се сомневаат дека исклучувањето од струја е своевидна казна поради тоа што некои жители на околните села не плаќаат струја.

– Можеби е така во соседните села, но ние, во Раштак, таков проблем немаме. Kолку што ми е познато, нема масовно неплаќање на струја. Како и да е, јас и моите комшии редовно си ги плаќаме сметките и не заслужуваме по цели денови да бидеме без струја. Се прават големи штети, а животот без струја и вода во летни услови буквално е неподнослив. Овој пат сум решен работава да ја терам на суд – вели жител на селото.

Луѓето од Раштак, село на 12 километри од центарот на Скопје утрово повикале и телевизиски екипи, за да им се пожалат за проблемот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...