Наскоро нов повик за нискобуџетни авиокомпании

Ги повикувам сите нискобуџетни авиокомпании што се заинтересирани да се пријават на тендерот што ќе биде објавен во наредните денови, изјави министерот за траспорт и врски Горан Сугарески.

397

Евтини авиолетови во Македонија ќе има и јавниот повик за нискобуџетни авиокомпании ќе биде распишан во наредните неколку денови. Следната недела Владата ќе ја донесе уредбата и по неколку дена потоа ќе биде распишан нов тендер, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

За поништувањето на претходниот тендер рече дека е направено заради административни пропусти во понудата.

– За мене најприоритетно е моето работење да биде законски и чисто и од тоа нема никогаш да отстапам. На претходниот тендер се јави една компанија, која имаше административни пропусти во понудата и затоа беше поништен. Ги повикувам сите нискобуџетни авиокомпании што се заинтересирани да се пријават на тендерот што ќе биде објавен во наредните денови – потенцира Сугарески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...